За Нас

Ферти е приватна гинеколошка ординација посветена на здравјето и благосостојбата на секоја пациентка.

Добредојдовте во Ферти Клиника

Ферти е нова приватна гинеколошка ординација која се наоѓа на идеална и пристапна локација во центарот на градот, на улица Анкарска 23, локал 8, Скопје. Опремени сме со најсовремена медицинска апаратура акредитирана според светски стандарди. Ферти нуди широка понуда на гинеколошки услуги која вклучува ултразвучни и колпоскопски прегледи, ЦТГ, ПАП тестови, земање на микробиолошки бришеви, прв и втор скрининг, ехо на дојка и третмани со Ваги комбо апарат. За нашиот тим, Вие сте на прво место.

Гинеколошки прегледи

Пренатална дијагностика

Години искуство

30+

Доктори специјалисти

7

гИНЕКОЛОШКИ УСЛУГИ

18

пРОФЕСИОНАЛНОСТ И ГРИЖА

100%

Нашата Визија и Мисија

Нашата цел е да создадеме една успешна приказна во гинеколошката пракса преку синергија на нашите искусни доктори, напредни медицински технологии и неуморна тимска работа. Се надеваме дека ова ќе доведе до позитивни промени во пристапот и третманот на секој пациент низ целиот здравствен систем.

Ние се залагаме за персонализиран пристап на лекување на секој наш пациент. Нашите доктори се стремат кон обезбедување максимален комфорт, внимание и посветеност за пациентките со цел креирање на здрав став кон грижата за репродуктивното здравје.

Медицинска Технологија

Во Ферти Клиника користиме исклучиво врвна медицинска апаратура и технологија на највисоко ниво. Покрај стандардните гинеколошки прегледи, нудиме и неинвазивен пренатален тест Panorama, кој се изработува во американската генетска лабораторија Natera. Со Panorama тестот вашата бременост ќе помине спокојно и безгрижно — безбеден е и за мајката и за бебето, и може да се направи уште од 10-та недела на бременоста.

1500+ задоволни пациентки

Често поставувани прашања

Доколку сум бремена, кога треба да посетам гинеколог?

Препорачуваме првиот преглед помеѓу 6–8 недела од бременоста. Почести контроли се препорачуваат при мајчина возраст над 35 години, сериозна болест или болка во пелвисот.

Дали работите со осигурување?

Соработуваме со Halk Insurance, Македонија Осигурување, Триглав. За повеќе информации за осигурителните компании со кои соработуваме, контактирајте не директно на +389 23 074 573.

Што е 4Д ултразвук и кога се прави?

4Д ултразвукот дава тродимензионална слика на бебето во реално време. Најчесто се препорачува помеѓу 20–32 недела од бременоста кога бебето е најдобро видливо.

Како да закажете преглед?

Вашиот преглед може да го закажете:

1. Преку повик на телефонскиот број на Ферти : +38923074573. На овој број може да се информирате и за сите услуги што ги нуди нашата ординација. 

2. Лично преку посета на нашата ординација.

3. Преку испраќање e-mail на : [email protected]. Нашиот координатор ќе ве контактира за да го потврди вашиот термин.

Дали може да дојдам на преглед без закажување?

Ординацијата работи со принцип на закажување. Ако имате потреба од итна интервенција/преглед, можете да не контактирате преку телефон, емаил или да дојдете лично во ординацијата, а доколку сме во можност ќе се потрудиме да ви излеземе во пресрет.

© 2026 Fertty Clinic All Rights Reserved.